ВИДЕО: Девет студенти од Европа следниот семестар ќе го поминат на УГД

ugd.jpg

Студенти од Бугарија, Полска, Чешка, Романија и Турција овој семестар ќе студираат на УГД како дел од програмата Еразмус плус. Станува збор за студенти кои се на различни факултети, а УГД го избраa затоа што Македонија за нив e привлечна земја и УГД има солидни капацитети и добри програми.

Еразмус студентите вчера на првата средба имаа можност да се запознаат, при што беа упатени во сѐ што им е потребно за време на престојот на Универзитетот „Гоце Делчев“ и им беше посочено на кој начин ќе можат да го поминат слободното време. Дел од нив имаа прашања за начинот на транспорт и сакаа да се запознаат подетално со Универзитетот.

Со дел од студентите разговаравме за тоа како и зошто го избрале УГД и кои се нивните очекувања. Нивните одговори погледнете ги во видеото во продолжение.

izvor: life.ugd.edu.mk

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail