Мочуришниот парк во Северна Каролина објавил снимки од алигатори во замрзнато езеро. Целосно заглавени во мразот, само излегуваат со врвот од главата за да дишат.
Мирувајќи на ниските температури, на овој начин ја спуштаат својата температура и го успоруваат својот метаболизам за да преживеат.
Шефот на паркот „Шалот“, Џорџ Хауард ја објаснил оваа техника на преживување:
-Вадејќи ги своите ноздри надвор можат нормално да дишат. Ова е механизам кој им служи и понатаму да дишат, дури и ако сѐ околу нив замрзне. Ова е целосно нормален механизам за преживување на алигаторите – рекол тој.
САД се погодени со незапаметена зима, а после 30 години паднал снег и во Флорида.