ВИДЕО: Експертите на дното од океанот снимиле мистериозно суштество

Во најголемите длабочини на Индискиот Океан, снимено е ново мистериозно суштество кое потсетува на медуза, кажуваат од „CNN travel“.

Рониок Виктор Весково ја истражувал Сунда, најдлабоката точка во Индискиот океан, која се наоѓа на длабочина од околу 7,2 километри. Тој и неговиот тим, забележале суштество за кое се верува дека е нов вид на плаштар.

Со својата подморница „DSV Limiting Factor“, го снимиле тоа ново суштество кое го опишале како „неверојатно желатинесто животно“ кое „не е слично со ништо друго кое досега сме виделе“.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail