ВИДЕО: Еве како Ареа 51 стана главна база за „вонземјани“

Воената база Ареа 51 на американската армија со години привлекуваше голем број на теоретичари на заговори кои тврдеа дека тука се вршат тестови со вонземска технологија и дека постојано прелетуваат вселенски чинии или НЛО-а.

Сепак, вистината за „вонземјаните“ во оваа пустинска база во Невада која всушност и никогаш не била јавно потврдена од владата на САД крие една поедноставна причина за пуштањето на разни теории на заговор.

Базата е активно користена во 50-тите години од минатиот век кога започнува Студената војна меѓу САД и Советскиот сојуз. Тука се развивани бројни шпионски летала како и авиони кои може да летаат без да бидат забележани од радарот.

Бидејќи проектот бил врвна тајна често летовите биле пријавувани од комерцијални па дури и воени пилоти како вонземски појави. Американската армија не ги објаснувала овие летови и тврдела во јавноста дека се прават истражувања со метеоролошки балони. Исто така се креирале голем број на лажни летала со цел шпионите на КГБ и СССР да не откријат со каква технологија располага САД.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail