ВИДЕО: Генијален учител по географија држи настава од сите делови на светот, па и од вселената

dejan-nemcic.jpg

Дејан Немчиќ е наставник по географија во Хрватска кој на своите ученици им организира преноси во живо преку Skype од разни краишта на планетата за подобро да се запознаат со далечните земји и градови. Тој технологијата ја користи на најдобар можен начин за на бројни начини на учениците да им го направи образованието што позабавно. Дејан е и иницијатор на хуманитарниот проект „Африка – можеме заедно“ преку кој знаењето, училишната опрема, дури и основните средства за живот им ги обезбедува на најсиромашните деца во светот и тоа со помош на децата од Хрватска.

Тие заедно во текот на целата година собираат помош и кај нив на најубав можен начин поттикнува чувства на емпатија и толеранција.

Овој учител-херој сега се приклучи и на меѓународниот проект наречен „Освојување на осмиот континент“ преку кој на децата во хрватските училишта ќе им организира настава преку Skype од вселената. Благодарение на проектот Synergy Moon, со кој на 1 декември годинава се испраќа ракета од Флорида во вселенатa која 73 дена ќе се врти околу Земјата, Дејан ќе може да биде дел од тимот. Децата во Хрватска ќе имаат можност 73 дена да ја жив пренос на Земјата од вселената.

Тој летото го помина во Африка, каде што започна изградба на модерни училишта во кои преку Skype на децата во Африка ќе им одржуваат настава децата од Хрватска. Ова е втор пат да ја посети Африка преку својот проект, во кој сега вклучи и повеќе држави од Централна Африка. Вкупната површина на која делува со својот проект „Африка – можеме заедно“ сега е голема колку континентот Европа. Иако е наставник и примарно се грижи да го донесе образованиетот до секое дете, тој изминатово лето се занимавал и со истражување на причините за најсмртоносната блест во Африка – маларијата. Младиот иноватор Иван Мрвош, кој направи паметна клупа со која го освојува светот, донираше паметна клупа за едно од училиштата кои Дејан ги гради во Африка.

Во реализацијата на својот проект тој соработува со многу училишта и министерства во Африка како, на пример, во Танзанија, Кенија, Уганда, Малави итн. Дејан работи на тоа да набави опрема на информатичко образование на децата во Африка. Тој вели дека технологијата за децата таму е сосема непоимлива. Во една прилика додека ги фотографирал децата во некое село со својот мобилен телефон тие деца за прв пат се виделе себеси како изгледаат.

Целото интервју на генијалниот млад наставник Дејан Немчиќ.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail
Top