himalaii.jpg

Најмалку третина од огромната ледена покривка од високиот планински ланец во Азија ќе се стопи поради глобалното затоплување.

Дури и ако за многу кратко време драстично се намали ефектот на стаклената градина и емисијата на гасови, 36 % од глечерот долж Хиндикуш и Хималаите ќе исчезне до 2100 година, при што ќе има сериозни последици на животите на речиси 2 милијарди луѓе.

Во случај емисијата да не се намали, ќе изгубиме две третини од ледената покривка од овие планински ланци. Глечерите се всушност своевидни засолништа за вода на 250 милиони луѓе кои живеат на тоа подрачје, а дополнителните 1,65 милијарди луѓе се надеваат на течението на големите рекки кои течат од врвовите на овие планински ланци во Индија, Пакистан, Кина и другите земји.

“Станува збор за невидена климатска криза досега”, рекол климатологот Филипс Вестер од Институтот Ицимод.

Во најдобро можно сценарио, како што се наведува, ако навистина се фатиме за климатските промени, сеедно ќе изгубиме една третина од глечерот и ќе се најдеме во неволја. Вестер додаде дека областа Хиндукуш-Хималаи не е толку застапена во медиумите во смисла на глобалното затоплување, како што се некои островски држави и Арктикот.

Поради топењето на глечерот, помеѓу 2050 и 2060 година ќе се зголемува текот на реката. Поради тоа водата од планинските езера би можела да се излее од коритото и да ги поплави населбите во тие подрачја.

Но, после 2060 година, речните текови би започнале да опаѓаат, што би влијаело на создавање на помалку енергија во хидроелектраните кои произведуваат поголем дел електрична енергија во тој регион.

Во најновиот извештај, се нагласува во каква тешка ситуација се жителите кои живеат на споменатите планински ланци. Една третина од нив живеат со помалку од 1,90 долари дневно и нема кој да им помогне ако дојде до климатски промени. Политичката напнатот помеѓу соседните земји, како Индија и Пакистан, би можела дополнително да ја отежнат ситуацијата.

“Ова подрачје го чекаат тешки времиња. Со оглед на тоа дека ќе се случат многу промени и катастрофи долж границите на земјите, лесно би можело да дојде до конфликт помеѓу нив”, рекол екологот Еклаби Шарма, заменик директорот на Институтот Ицимод.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail