(ВИДЕО) Инжинерско чудо: Кинезите се при крај, го градат најголемиот мост преку море

Девет години откако започна изградбата на мостот долг 55 километри, кинеската влада јавно ја организираше презентацијата на речиси завршениот проект фалејќи се дека ова ќе биде инженерско чудо.

https://studenti.mk/konkursi-2018-2019/

Имено, за најголемиот мост во светот кој поминава над морето и го поврзува Хонг Конг, Макао и континентална Кина, се потрошило челик, колку за да се направат 60 Ајфелови кули.

Иако датумот на отворање сé уште не е потврден, само е спомнато дека ќе биде во јули годинава, официјалните лица м дадоа рок на траење на овој мост 120 години да биде во употреба и притоа значително ќе го скрати времето на патување и ќе ја поттикне економијата во таа област.

Главниот менаџер на проектот, Гао Синглин, рече дека за потрошиле 420.000 тони челик.
-Мостот ми донесе многу непроспиени ноќи, се пошегувал Синглин пред новинарите.

Вкупните трошоци за проектот, кои вклучуваат вештачки острови, 7 километри долг подводен тунел и пристапни патишта, не се објавени официјално, но се проценува дека се околу 100 милијарди јуани.

Мостот требаше да биде отворен до крајот на 2017 година, но крајниот рок не беше постигнат поради бројните градежни проблеми, недовелен буџет, обвиненија за корупција и настраданите градежни работници.

Откако ќе се отвори, најдолгиот мост над морето нема да биде место за пешаци.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail
Top