Кинезите повторно ја демонстрираа својата неверојатна ефикасност, со тоа што изградија нова железничка станица, спојувајќи ја со три веќе постоечки.
Новата пруга ги поврзува градовите Нанпинг и Лонгјан во провинцијата Фуџијан. Работата ја завршија 1.500 работници, за нешто помалку од девет часа.
Градбата почналa вечерта на 19 јануари, а веќе наредното утро станица била завршена.
Новата пруга, долга 246 километри, е наменета за возови што сообраќаат со брзина од 200 километри на час.