Видео кое го потресе светот: Орангутан пробува да ги запре машините кои го уништуваат неговиот дом

oragutant.jpg

Снимката која се појави на социјалните мрежи покажува како еден орангутан пробува да го запре багерот кој го уништува неговото живеалиште.

На видеото се гледа како работниците ги сечат стеблата во округот Кепатанг на западот на Борнео, додека орангутанот пробува да ја запре машината.

Видеото е снимено од страна на меѓународната организација за спасување на животните (IAR), а истото настанало во 2013 година, но е пуштено во јавност пред неколку дена.

Видео снимката предизвикала бројни реакции, но најчестите коментари биле дека човекот е најголемото зло на Земјата.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail
Top