raj.jpg

This aerial photo taken on September 25 shows the Longxi International Hotel, standing at 328 metres (1,082-feet) high and costing 470 million USD to build, in Huaxi, which is still classed as a village in east China's Jiangsu province. One of China's tallest buildings has opened for business in the nation's 'wealthiest village' of Huaxi, a symbol of the country's breakneck economic growth, officials and state press said on October 10, 2011. CHINA OUT AFP PHOTO (Photo credit should read STR/AFP/Getty Images)

Граѓани на милионерска утопија која зафаќа само неколку квадратни километри живеат речиси едни до други, но не смеат да разговараат со медиумите ниту пак да го напуштат селото.

Селото Хуакси во Кина претставува вистинска мистерија, тоа е најбогатото место во Кина и за поголемиот дел од граѓаните на оваа земја тоа е своевиден комунистички рај.

Најпознато е по ужасно високиот животен стандард, а тоа место е одделено од остатокот на Кина и за 55 години се претвори од рурална област во вистински мал луксуз.

Сепак, како овие луѓе се збогатуваат и како ги трошат парите не се информации до кои може да се дојде, бидејќи на жителите на Хуакси им е забрането да разговараат со медиумите, ретко разговараат и помеѓу себе, а дури имаат и забрана да го напуштат селото, бидејќи ако го напуштат селото ќе загубат се што стекнале и ќе останат без ништо.

Кон крајот на педесеттите години од минатиот век Хуакси имаше само околу 600 жители, а ренесансата на селото ја овозможи Ву Ренбао, некогашен секретар на Комунистичката парија, кој разви план за збогатување, основаше повеќе од 12 компании, поттикна работа со сировини, како алуминиум.

Хуакси, селото кое се наоѓа во провинцијата Џиангсу познато е уште и под називот „Прво село под небото“, а денеска има околу 2.000 регистрирани жители кои живеат во идентично изградени вили, а наводно сите имаат по 250.000 долари во банка.

Симбол на селото

Во селото се наоѓа Светски парк со реплики од сите славни градби од светот, како Кипот на слободата, операта од Сиднеј, Кинескиот ѕид, како и нов облакодер со висина од 328 метри и 60 катови. Во облакодерот постои и хотел со 826 соби, а во неговото приземје се наоѓа кип на бик направен од чисто злато.

Ви даваме пари, но не смеете да ги носите надвор

Сепак, некои велат дека животот во селото на милионерите и не е така идеален. Имено, тие мораат да работат седум дена во неделата, најчесто во индустрискиот сектор. Покрај тоа, и бројот на жители е сомнителен – покрај 2.000 регистрирани кои се потомци на семејствата кои живееле овде во минатиот век, постојат многу доселеници кои не уживаат во луксузни автомобили, плати и вили. Наводно, бројката на тие луѓе е поголема од 10.000, а кои живеат речиси еден до друг. Регистрираните жители на селото исто така  немаат право да го напуштат, односно ако го сторат тоа ќе го загубат целото богатство и парите нема да можат да ги носат со себе, па прашање е колку всушност поседуваат лично богатство, а колку од тоа му припаѓа на селото. Коцкањето, како и дрогата во ова село се строго забранети, а ноќен живот е нешто што не постои.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail