ВИДЕО: Летечки автомобил до крајот на 2020?

LETECKI-AVTOMOBIL.jpg

По 15 години работа на развој на летечки автомобил, израелската компанија „Урбан аеронаутикс“ верува дека нивното беспилотно летало ќе се најде на пазарот до 2020 година.

Летечкиот автомобил е тежок 1,5 тони, се нарекува „Корморант“ и може да превезува товар од 500 килограми, со брзина од 180 километри на час.Првиот автоматизиран, самостоен лет „Корморан“ го завршил во ноември 2016 година.

Се проценува дека леталото ќе чини 14 милиони долари.

Од компанијата произведувач се уверени дека темно-зелениот дрон, што користи внатрешни ротори наместо хеликоптерски пропелери, би можел да служи за евакуација на луѓе од непријателски зони и да овозможи безбеден пристап на воени сили.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail