ВИДЕО: Лото измама на векот-погледнето го топчето со бројот 38

Извлекувањето на Лото во Ирска минатиот викенд стана главна тема во таа земја!
Било да сте посветени на играњето лото или тоа да го сметате за губење време, ќе се сложите дека секој испад на овие извлекувања е повеќе од интересен, бидејќи секоја евентуална грешка со себе повлекува и низа контраверзни прашања, а зборот за кој најмногу се користи е „местенка“.

Забавата за милиони луѓе и надеж дека ќе добијат, прогласена е за измама на векот.

Причината е едноставна- во барабанот се ноѓало топче кое има два броја, 33 и 38. Значи на една страна на топчето пишува 33, а на другата 38.

Гледачите биле шокирани и сега се разбира тврдат дека лотаријата е наместана.

Челниците на лотаријата рекле дека во прашање е рефлексија, односно дека е извлечено топче со број 38, но дека едната осмица не се гледала добро поради светлината вперена во неа.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail
Top