nesreca.jpg

Пред точно 42 години, на 10 септември 1976 година во близина на Загреб се случи најтешката авионска несреќа на просторот на поранешна Југославија.

Поради грешка на контролорот на летање, се случи оваа несреќа, во која загинаа 176 патници и членови на екипажот. Беше 10. септември, 1976 година, точно во 10.14 часто. Контролорите на лет во Загреб, преплашени сфаќаат дека направиле катастрофална грешка, односно испратиле два авиони на иста висина.

Британскиот „Трајдент“ и ДЦ-9 на Инекс Адрија се судрија додека летаа со брзина од 900 км/час, а загинаа сите 176 патници и членови на екипажот на двата авиони.

Од висина од 10.000 метри на земјата паѓаа делови од авионите, но и тела, на десетина километри наоколу. Очевидците од селото Дворишќе никогаш нема да ги заборават ужасните сцени кога, како што велат „луѓе паѓаа од небо како дожд“.

„Тој авион падна од мојата куќа на едно 200-300 метри. И немаше преживеани, тоа се беше во пламен. Полицијата беше тука недела дена на терен и ги собираа труповите и ги ставаа во вреќи и ги носеа на друго место. Тоа беше страшно, страшно“, вели Драго Гашпариќ, очевидец на несреќата.

Мештаните ги извлекуваат телата. Кабината се заби во една бука, а неколку целосни тела се пронајдени во опашката на авионот. По нивнта положба се виде дека луѓето грчевите се држеле за рачките на седиштата. На Ивка Фабијанец од Гај труп без раце и нозе и паднал во дворот.

„Бев во куќата кога нешто падна на покривот. Излегов и видов лименки од пиво, а потоа и куфери насекаде по дворот. Во еден момент во градината падна тело на маж без раце и ноже, а малку подолу имаше течо на девојче од 5-6 години“, сведочеше тогаш Ивка.

За несреќата е осуден контролорот на летање во Загреб, денес покојниот Градимир Тасиќ, на седум години затвор, но многу малку поминал зад решетки, зошто неговите колеги докажаа дека во моментот на несреќата рабтоел во тешки услови, три дена по ред смена од 12 часа.

Сударот на авионите над Загреб се смета за една од најтешките воздухопловни трагедии во светот таа година и можеби најголема на територијата на поранешна Југославија.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail