Видео: Македонски виолинист ѕвезда на социјалните мрежи

violinist.png

Во Македонија имаме многу млади музички таленти кои вреди да ги слушне целиот свет. Еден таков пример е виолинистот Виктор Ангелов.

Неговиот талент започнал да го негува уште од 7 години. Средното училиште го завршил во Србија, а потоа станал студент на познатиот Универзитет „Mozarteum“ во Салцбург.

Инаку Ангелов досега многупати настапувал заедно со Македонската филхармонија, а имал и солистички концерти.

Ангелов е неверојатен талент и виртуоз чиј уличен настап во Фиренца, Италија, неодамна беше споделен и од познатата интернет страна 9GAG.

Слушнете ги вештините на еден од најмаркантните таленти на Македонија за својата генерација.

Уличен настап со изведба на „Shape Of You“ на Ед Ширан:

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail