ВИДЕО: Мистериозна пирамида пронајдена во Кина

Археолозите на едно кинеско градилиште откриле мали гробници во облик на пирамиди.

За разлика од светски познатите египетски пирамиди на старите фараони, овие се пониски од два метри, и пронајдени биле во подземната одаја на градот Џенгџоу, долга 30 и широка 8 метри.

Иако се потребни уште тестови за да се утврди староста на гробниците, се смета дека пирамидите биле изградени за време на династијата Хан – 206-220 г. пне.

На местото каде била гробницата имало село во близина на брегот на Жолтата река, но надлежните го урнале за да направат простор за новата голема градба.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail