ВИДЕО: Момче со аутизам со музички соло настап ги воодушеви гостите во клуб во Ријека

Јан, ученик на Центарот за аутизам во Ријека, Хрватска, ги воодушеви своите сограѓани со изведба на хит на локалната музичка група „Урбан енд 4“. За тој негов настап дозна и Дамир Урбан, основачот на бендот.

– Јан можеби и веќе сте го виделе, настапуваше со нас на концертот во Загреб… Штотуку добивме снимка од неговата нова прекрасна изведба на песната „Куќа на спомени“ и сакаме да ја споделиме со вас. Голем поздрав и прегратки до Јан, неговото семејство и до сите во Центарот за аутизам во Ријека, објави Урбан на официјалната Фејсбук страница, споделувајќи ја снимката од изведбата.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail