ВИДЕО: На Гренланд снимена опасност поголема од нуклеарна војна

GRENLANDDDD.jpg

Многу луѓе и натаму мислат дека климатските промени не се нешто што навистина се случува, и дека не ги предизвикал човекот. Меѓутоа, има многу уверливи докази кои го докажуваат спротивното. Мразот на површината се топи, секоја година е сè потопла и сè почесто се случуваат природни катастрофи.

Колку се глечерите загрозени потврдува и документарниот филм “Chasing Ice”. Џејмс Балог, Адам Левинтер и Џеф Орловски во мај 2008. година го снимиле најголемото пукање на глечер некогаш забележано на филм. Ви претставуваме застрашувачки сцени од филмот и како бил снимен.

Џејмс Балог е познат по фотографирањето на природата, а во 2005. година “National Geographic” го ангажирале за потребите на снимање на филм за климатските промени. На почетокот ни сам не бил сигурен дека климатските промени навистина се случуваат, но го сменил своето мислење при првата посета на Исланд. Во 2007. година го основал истражувачкиот тим “Extreme Ice Survey”, со кој ги обиколил Алјаска, Исланд и Гренланд.

Нивната цел била на различни места да постават 25 камери, кои преку ден секој час ќе прават по една фотографија, и тоа во период од три години. Камерите морале дополнително да ги прицврстат, бидејќи ниските температури воопшто не им одговарале. Меѓутоа, фотографиите и видео-снимките покажале дека нивната напорна и опасна работа се исплатела. Гледачите можат да ги видат во документарниот филм “Chasing Ice”.

Филмот освоил бројни награди, вклучувајќи и “Emmy” награда во 2014. година. Највпечатливата сцена во филмот е најголемото пукање на глечер некогаш забележано. Некои од нив биле високи дури 120 метри. Скршени парчиња мраз летале до 180 метри во воздух, а потоа паѓале во вода. За на гледачите да им ги приближат огромните размери, режисерите го споредиле пукањето на глечерот со Менхетн.

“Како да се скршил целиот долен крај на Менхетн”, објаснил Балог. “Само што глечерот 2,5-3 пати подебел од тоа што се облакодерите високи”. За само десет години мразот се намалил повеќе отколку во претходните 100 години. Целиот филм постои на ДВД и блу-реј дискови, а на 3. јануари 2017. година ќе биде емитуван на каналот “Arte”.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail