ВИДЕО: Најчуден вулкан на светот – И да паднете во неговата лава можете да преживеете

vulkan.jpg

Вулканот „планина на богот“ во Танзанија е најчудниот вулкан во светот. Од него тече „ладна“ лава, најладната во светот. Толку ладна, што еднаш еден човек паднал во неа и преживеал.

Кога овој вулкан – чие име значи „планина на богот“ – еруптира, температурата на неговата лава не надминува 510°C, за разлика од вообичаените 700 – 1200 степени Целзиусови колку што обично е жешка лавата. Лавата на Ol Doinyo Lengai е толку ладна што има црна боја, бидејќи нема доволно топлина што би ѝ ја дала вообичаената црвена боја.

За време на една експедиција од 2007 година, еден од членовите паднал во кратерот и во лавата, но успеал да излезе. Иако рацете и нозете му биле прилично изгорени и морал да биде однесен во болница, тој е единствениот човек што може да се пофали дека преживеал пад во вулкан.

Составот на лавата на Ol Doinyo Lengai исто така е исклучително редок. Благодарение на недостатокот на силициумски молекули, таа тече како река и се движи со релативна леснотија со брзина од 10 км/ч. За разлика од повеќето исфрлени лави, кои се базирани на силициум оксид и кислород, оваа содржи голема количина алкални елементи – главно калциум и натриум, како и големо количество јаглерод диоксид. Тоа е и причината за „студеноста“ на лавата при ерупција на танзанискиов вулкан.

Древните луѓе и нивните потомци го избегнувале овој вулкан.  При секоја ерупција пепелта го загадувала пејзажот и природата во околината, а остатоците често останувале и по илјади години. Пред некое време експертите открија траги од пепел од вулканот стари повеќе од 18.000 години.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail