brod.jpg

„Морска симфонија“ чија изгрдаба траеше цели три години, плови по Медитеранот. На првото патување најголемиот крузер на светот тргнал од Барселона.

Сопственик на пловилото е „Ројал Карибијан“, а како пишува СиЕнЕн травел, најголемиот крузер во светот е долг повеќе од 362 метри, а може да прими околу 6680 гости и 2200 работици на бродот, или вкупно 9 000 луѓе.

На ова импозантно патување се сместени 22 ресторани, 24 базени и 2759 кабини.

Овој брод нуди низа возбудливи услуги, меѓу кои се лавиринт од кој треба да се излезе, симулации на сурфање, но круна на се е ултимативниот амбис – највисокиот тобоган некогаш направен на крузер, кој се наоѓа на скоро 46 метри над нивото на морето.

Спуштањето од врвот на тој тобоган до дното трае 13,14 секунди.

На бродот има и музички и танц уметници кои своите настапи им ги пружаат на присутните како дополнително уживање.

Оваа година, бродот кој своето прво патување го почна од Барселона, ќе патува до Палма де Мајорка, италијанските Фиренца, Пиза, Рим и Наполи, а на есен ќе доплови до Мајами на Флорида по што ќе го започне крстарењето на Карибите.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail