ВИДЕО: Научниците создадоа вештачка матка

Медицинските истражувачи соопштија дека вештачката матка исполнета со течност, која потсетува на пластична кеса, може еден ден да го одржува предвреме роденото бебе живо и здраво во текот на првите денови од неговиот живот.

Апаратот досега е испитан на јагниња, а неговата цел е да низ пластична кеса се спроведат сите хранливи материјали кои се неопходни за предвреме роденото дете.

Тестиран ена јагниња, кои се пропорционални стари како бебиња од 23 недели, што всушност е миниму кој е неопходен за да фетусот преживее. Експертите веруваат дека овој апарат би можел да се примени веќе во 2020 година.

За разлика од стандардните инкубатори, „вештачката матка“, целосно создава услови за бебе потполно идентично какво она кое е во мајчиниот стомак. Целта е да обезбеди опкружување во кое сите предвремено родени бебиња ќе можат безбедно да се развиваат и да ги развиваат своите бели дробови во критичниот период од 23 до 28 недели по зачетокот.

Кога се во прашање животните, по овој третман тие норамално дишат, ги отвораат очите, волната им расте, а рефлексите и органите правилно им функционираат.

Прерано роденото дете, во 23 недела има помалку од 600 грама, и од 30 до 50% шанси да преживее. Оние кои тоа ќе го преживеат во 90% од случаите, патат од некои хронични болести на белите дробови. Така, постои голема веројатност да имаат доживотен инвалидитет.

 

 

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail