Ву Јаџун од Кина некогаш работела во фабрика за 16 долари месечно. Денес, нејзиното богатство вреди околу 8,3 милијарди долари. Тоа ја прави најбогатата жена на светот, која своето богатство го стекнала сама.

Со години работела во фабрика како дипломиран градежен инженер, а подоцна и како новинар, се додека не основала своја агенција за недвижнини. Нејзината компанија во 2017-та година остварила приход од 10,7 милијарди.

Како Ву од фабричка работничка дошла до титулата најбогата жена на светот?

Кога конечно можела да го купи својот прв стан, се сретнала со низ проблеми како недостиг на гас во становите, лошо осветлување или пак проблеми со лифтовите во зградите.

Тоа ја поттикнало со својот тогашен сопруг да ја основа “Лонгфор пропертис”, компанија која се занимава со продажба на недвижни.

Првата резиденцијална недвижнина компанијата ја продала во 2007-ма година и тоа за 157 долари по квадрат, што во тоа време било дури двојно повеќе од просечниот приход со кој едно кинеско домаќинство располагало на месечно ниво.

Покрај тоа, “Лонгфор” е и еден од градителите на шопинг-центри во Кина. Седиштето на компанијата е во Хонгконг, а работи во 47 градови во земјата.

Јаџун денес според “Bloomberg” е најбогата жена на светот, со богатство од 8,3 милијарди долари.

Кога се развела од сопругот со кој ја основала компанијата, изгубила околу 3 милијарди долари, но тоа не влијаело многу на нејзиниот успех.

Ву живее повлечено. Кога медиумите во 20013-та година известувале за најбогатите луѓе во Кина и светот, нејзиното име било погрешно напишано, па не можело да се дојде до никакви информации за неа.

Кога ја прашале зошто избегнува публицитет, рекла: “Па, немам за што да зборувам. Јас сум само фокусирана на оваа работа”.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail