ВИДЕО: Неразделни пријатели, осумгодишно момче го запозна кучето кое има исто заболување

Витилигото е кожно заболување кое се изразува со бели дамки на кожата поради губење на пигментот. Иако само по себе, витилигото не е опасно за здравјето, за повеќето кои страдаат од него, најголемата опасност е губењето на самодовербата.

Картер Бланчард е осумгодишно момче од Арканзас кое ја има оваа состојба на кожата. Неговата мајка, Адкок Бланчард, во интервју за ABC News раскажа дека тој бил дијагностициран пред три години, кога одел во градинка и дека тоа многу лошо се одразило на неговата самодоверба. Првите бели дамки се појавиле околу неговите очи, а потоа почнале да се шират по неговото тело. Малиот Картер тешко се справувал со другите деца кои често го задевале и на својата мајка и велел дека го мрази своето лице.

Еден ден, сосема случајно мајката на Картер видела слика од Рауди, куче кое се здобило со светска слава поради неговиот уникатен изглед кој бил предизвикан од витилиго.

Мајката ги контактирала сопствениците и набрзо Картер и Рауди се сретнале за прв пат.

Момчето и кучето веднаш станале неразделни пријатели.

“Картер сега е горд на тоа што бил избран да има витилиго. Тој е среќен што изгледа различно и не би сакал да го промени својот изглед. Тој дури смета дека кожата на другите е здодевна” – Адкок Бланчард

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail