ВИДЕО: Нинџа поп!

pop.jpg

Рускиот православен свештеник од сибирскиот полуостров Јамал станал познат не само по тоа што на луѓето им пружа духовна помош, туку затоа што ги подучува на боречки вештини. Архиепископот Валериј Колесников од црквата Свети Никола во козачкиот град Гупкински привлекол внимание со видеото во кое демонстрира завидна вештина во ракување со сабји, како и импресивно изведување на аикидо движења. Колесников има црн појас во аикидо, а минатата година почнал да вежба и со сабји.

Тренирал сам, користејќи видеа од интернет, а резултатите ги постигнал за околу два месеца.

“Морав да ги научам одбранбените потези и ракување со ружје за да ги запознаам луѓето со традициите на Козаците и православната култѕра”, рекол Колесников.

Свештеникот сега уште и држи часови. Тој објаснил и дека тренирањето боречки вштини му ја подобрило самодовербата, физичката подготвеност, но и му овозможило овие благородни вештини да им ги пренсе на своите верници.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail