ВИДЕО: „Нокиа“ се враќа на пазарот на смартфони

nokia_6_1484143226246.jpg

По неколку годишно отсуство, компанијата „Нокиа“ се враќа на пазарот на смартфони со уредот „Нокиа 6“, кој е наменет за купувачите во Кина.

Финската компанија „ХМД Глобал“, која ги поседува правата на брендот „Нокиа“, го претстави смартфонот „Нокиа 6“, кој е со средни спецификации и користи оперативен систем Андроид Нугат.

Смартфонот поседува 5,5 инчен фул ХД екран со резолуција 1.920 на 1.080 пиксели, сензор за отпечаток на прстот на предната страна и алуминиумско куќиште. Многу е сличен на „Галакси 7“ на „Самсунг“, а има процесор Снапдрагон 430, кој го произведе компанијата „Фокскон“.

Компанијата ХМД за сега не е заинтересирана за глобалниот пазар, а во Кина ќе го продава моделот по цена од 250 долари. Во првата половина оваа година таа најави дека ќе претстави уште неколку уреди.

„Нокиа 6“ има 64 гигабајти интерна меморија и два засилувачи на звукот, задна камера од 16 и предна од 8 мегапиксели.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail