bigorski_manastir_nokje_01.jpg

„Среде пустинската убост“ е насловот на песната посветена на монашкото секојдневие во манастирот „Свети Јован Крстител“ или познат како Бигорски.

Песната деновиве доби и свој видео запис. Режија и монтажата се на Горан Костадинов, за камерата задолжени се Кристијан Теодоров, Александар Ивановски, а со дрон снимаше Дарко Данилов. Постпродукцијата е на Огнен Шапковски.

Бигорската свештена обител денеска информира дека видео спотот е изработен од врвни професионалци кои подолг период престојувале во Бигорското светилиште со цел да го доживеат и што поавтентично да го пренесат секојдневниот монашки живот во Обителта.

-„Среде пустинска убост“ зборува за монашкото секојдневие. Создадена е од светогорски монах, а Бигорското братство успеа да ја преведе и препее и да создаде композиција што плени со своите стихови. Во нив е искажана длабочината на монашкиот живот, а топлата архаична мелодија го пренесува мистичниот амбиент во кој што живее монахот, соопшти Бигорската свештена обител.

Бигорската обител изразува голема благодарност до сите учесници во проектот.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail