Научниците неодамна откриле дека на огромната планета која се наоѓа надвор од Сончевиот систем, откриена во 2008 година, постојат силни ветрови од светкави облаци.
За разлика од облаците на Земјата, облаците на оваа планета се состојат од вид минерали од кои се формираат скапоцени камења како рубинот и сафирот, пренесуваат од Nature World News.
Планетата наречена HAT-P-7b е проучувана од 2009 до 2013 година со телескопот Кеплер на НАСА.
Планетата е 16 пати поголема од Земјата и 40 проценти поголема од Јупитер, а од нашата планета е оддалечена околу 1040 светлосни години.