Видео од свечената седница по повод Денот на Факултетот за музичка уметност – Скопје

Zum-proslava-na-20-godini-na-programata-za-Sonologija-i-Sonologija-so-multimedija-pri-FMU.jpg

Видеа подготвени од студентите и професорите на УКИМ ФМУ по повод 54 години УКИМ ФМУ

По повод Денот на Факултетот за музичка уметност – Скопје и одбележување 54 години од неговото основање, на 7 декември 2020 година се одржа свечена седница на Наставно-научниот и уметнички совет на ФМУ – Скопје преку Zoom конференциска врска.

Седницата ја водеше деканот на ФМУ – Скопје проф. м-р Живко Фирфов. На седницата свое видео обраќање имаше ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје проф. д-р Никола Јанкуловски, а присуствуваа проректорите: проф. д-р Христина Спасевска – проректор за настава, проф. д-р Валентина Гечевска – проректор за наука, проф. д-р Ордан Чукалиев – проректор за меѓународна соработка, проф. д-р Биљана Ангелова – проректор за финансии, инвестиции и развој.

Активностите на ФМУ – Скопје ги претставија продеканите: вонр. проф. д-р Александар Димитријевски – продекан за настава и проф. д-р Викторија Коларовска Гмирја – продекан за концертна и научна дејност, како и раководителите на катедрите: проф. д-р Марија Ѓошевска – раководител на катедрата за клавишни инструменти и харфа, проф. м-р Љубиша Кировски – раководител на катедрата за гудачки инструменти и гитара, проф. м-р Нинослав Димов – раководител на катедрата за дувачки инструменти, удирачки инструменти и соло пеење, и вонр. проф. д-р Трена Јорданоска – раководител на катедрата за музичка теорија и педагогија, музикологија, композиција и диригирање. 

Во текот на седницата беа прикажани и повеќе видео снимки од активностите во изминатиот период, подготвени од професорите и студентите на ФМУ – Скопје, а финалната обработка и монтажа на видео материјалите ја направи вонр. проф. д-р Трена Јорданоска.

Извор: ФМУ

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail