ВИДЕО: Oпасна пукнатина на Гренланд

dupka.jpg

Научници на НАСА кои работат на проектот „Операција леден мост“, неодамна ја фотографирале растечка пукнатина на глечерот Петерман, кој ја спојува гренландската ледена плоча со морето, а која би можела да остави трајни последици врз животот на земјата.

Тоа што претставува поголем проблем е што во близина има уште една пукнатина 2ом“ и доколку тие две пукнатини се спојат, голем дел од ледената плоча на североисточниот Гренланд може да се одвои и да заплива во океанот.

Научниците се надеват дека глечерот со сопствени сили самиот ќе се потруди да го спречи спојувањето на двете пукнатини, но тоа е тешко да се предвиди.

Иако не е познато што го предизвикало ова пукање, научниците сметат дека можеби одговорот е во сударот топла вода во океанот на подножјето мраз.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail