Видео: Општи хаос во Јапонија поради „PS5“ конзолата

Video-Opshti-haos-vo-Japonija-poradi-PS5-konzolata.jpg

Видео: Општи хаос во Јапонија поради „PS5“ конзолата

И понатаму има недостиг на конзолата „Playstation 5“ а од „AMD“ велат дека тоа ќе трае уште најмалку 6 месеци. Лоша ситуација за сите оние кои од ноември до сега не успеале да добијат свој примерок од конзолата.

Во Јапонија неодамна е пушен нов контингент „Playstation 5“ во продажба. Продавницата „Yodobashi Camera“ во Токио најавила дека ќе продаде неколку стотици конзоли.

Поради недостигот, веста брзо се проширила и продавницата била преплавена со купувачи.

Општ хаос избил уште пред да бидат видени конзолите, додека продавачите делеле картички со кои се остварува право на купување. Луѓето тргнале да се буткаат во продавницата и да прават нереди.

На крајот морала да реагира и полицијата која ги растерала купувачите и продажбата е прекината. Очевидците ја опишуваат ситуацијата како општо лудило и кршење на правилата со кои се ограничува престој на голем број луѓе во исто место.

Голем број на продавници во оваа земја со дистрибуција на малиот број конзоли се бави преку лотарија и извлекување на купувачи.

Извор: kurir.mk

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail