Видео: Отворен ден на УГД во Штип

Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип го организираше првиот од повеќето Отворени денови, на кои сите заинтересирани, пред сѐ средношколците од завршните години, ќе се информираат за можностите за студирање на факултетите и академиите при УГД. Во Штип, на штандови лоцирани пред Правниот факултет, се претставија сите факултети и академии на специфичен и креативен начин, а во салата на Центарот за култура „Ацо Шопов“ се одржа презентација на можностите на електронскиот индекс.

Во насока на поголема промоција на Универзитетот во делот на идните студенти ги организираме Отворените денови за да се претстави УГД пред идните студенти, да ги каже своите можности, перспективи, насоки на развој, тие да видат дека ова е добро место за студирање и дека УГД е нивниот вистински избор. Ние ги направивме сите анализи во поглед на високото образование, но и во делот на средното образование, нашиот аналитички центар што постои во состав на УГД ги има сите согледувања на бројките што може да бидат во системот на високото образование на УГД, во таа насока очекуваме дека ланската бројка од околу 2 300 нови студенти ќе биде реална за УГД. Студиските програми се реакредитирани и од оваа година се нови студиски програми кои се во поглед на она што значи обезбедување на вработување и вработливост и големо поврзување на студиските програми со стопанството и индустријатаизјави ректорот на УГД, проф. д-р Блажо Боев.

Според проректорот за настава на УГД, станува збор за концепт кој УГД ќе го организира во своите наставни центри. Освен во Штип, Отворени денови ќе се организираат и во Струмица, Кавадарци, Скопје и Прилеп.

Сите средношколци од завршните години заедно со своите професори ќе можат да ги видат можностите што постојат на Универзитетот – можности за студирање, за Еразмус размена, културни и спортски активности, за вклучување во центрите на УГД. Значи, УГД се обидува не само да ги понуди можностите за студирање, туку и она што претставува студентски живот и квалитет на студирање во тие години на УГД во Штипизјави проф. д-р Кирил Барбареев.

На штандовите на факултетите покрај наставничкиот кадар беа и актуелните студенти на УГД, кои го пренесуваа своето искуство од студирањето на УГД.

Факултетот за информатика нуди одлични услови, можам да се пофалам дека го имаме најдобриот наставнички кадар во државата и затоа им препорачувам на средношколците да се запишат на УГДизјави Кристина Јорданова, студентка во четврта година на Факултетот за информатика.

Музичката академија има одлични можности за студирање и многу квалитетен кадар, професори кои имаат квалитетно музичко образование. Ваквите Отворени денови се вистинска можност сите заинтересирани да се запознаат со можностите што ги нудат факултетите и академиите на УГД вели Мите Лазаров, студент на Музичката академија при УГД.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail