ВИДЕО: Oва е најбогатото село во светот

selo-kina.jpg

Нуакси е село во провинцијата Јианга, а на влезот од селото стои натпис на кој пишува „Прво село под небото“. Селото е познато по обилни земјоделски ресурси.

Пред 30 години Нуакси било сиромашно село како и многу други кинески села, а во него живееле 600 жители.

Ву Ренабо, поранешен секретар на Комунистичката партија направил план за збогатување и отворил 12 фирми, по што селото се сменило.

Денес селото има 2.000 жители кои живеат во вили, а во банка поседуваат 143.000 долари.

Во 2003 година селото стана интересно за медиумите, затоа што беше објавено дека има приходи од 14.4 милијарди долари.

Просечни приходи на еден жител се 17.717 долари или 40 пати повеќе од другите провинции.

Сепак, луѓето имаат и обврски. Мора да работат 7 дена во неделата, да не комуницираат со медиуми и да не заминуваат од селото, во спротивно го губат богатството.

Коцкање и дрога се забранети, а клубови и барови нема во селото.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail