ВИДЕО: Oва најмоќниот паметен телефон произведен до сега

telefon.png
Компанијата Turing Robotics Industries го најави Turing Monolith Chaconne паметниот телефон, којшто според своите карактеристики ќе биде вистински змеј помеѓу мобилните уреди.

Овој паметен телефон ќе поседува екран со дијагонала од 6.4 инчи којшто ќе обезбедува 4K квалитет на сликата. Ќе поседува и три работни мемории од по 6 GB, што значи дека вкупно ќе поседува дури 18 GB работна меморија.

Во неговата внатрешност ќе бидат сместени и три Snapdragon 830 процесори, а внатрешниот простор за складирање ќе изнесува три пати по 256 GB, а ќе може да се прошири и на уште 512 GB со помош на мемориска картичка.

Засега се нагодува и дека овој екстремен паметен телефон ќе се појави на пазарот кон почетокот на 2018-та година, но многумина се сè уште скептични и се сомневаат во тоа дека Turing Robotics Industries и воопшто ќе го пушти овој “монструм” од телефон во слободна продажба.

Што мислите, дали е воопшто реално да очекуваме еден паметен телефон со вакви технички спецификации и тоа веќе во 2018-та година?

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail