ВИДЕО: Oваа печурка дефинитивно e нешто најлековито што го создала науката – 1 килограм чини и до 50.000 евра

Професорот Ѓурица Поповиќ, директор на Институтот за печурки, можеби е засега и единствениот на планетата којшто успеал да ја создаде печурката Cordyceps Sinensis, вон нејзиното природно живеалиште – Хималаите.

Oваа печурка е дефинитивно нешто најлековито што го создала самата природа, најсилен антибиотик на светот, при што 1 килограм од него чини и до 50.000 евра. Најинтересно е тоа што таа е исклучително мала и расте на главата на инсектите.

Повеќе од 20 години, Ѓурица Поповиќ, дипломиран биолог-генетичар, е еден од најуспешните членови на научниот тим САНУ (Српска академија на науките и уметностите).
Трагајќи по најделотворните печурки коишто би можеле да се применат во производство на препарати против здравствените проблеми, професорот заедно со својот тим дошле до едно големо откритие – тој успеал да ја одгледа исклучително скапоцената габа Cordyceps Sinensis која што единствено успева на подрачјето на Непал и Тибет. Сите најголеми светски медицински установи ја потврдуваат нејзината огромна лековитост.

Инаку, исклучително е необично и тоа како оваа габа расте. Всушност, таа се развива од еден вид на гасеница или мравка, која што ќе ги проголта нејзините спори, а потоа поради големо количество на протеини од утробата на инсектот, израснува токму Кордицепс.

На почетокот, биологот и генетичар Ѓурица Поповиќ одгледувал шампињони, и тоа со комплетен процес сè до готов производ, првенствено за комерцијални цели, а потоа се насочил кон истражувања кои што во светот му донесоа признанија – необичните и исклучително лековити печурки.
“Ми се придружија неколку колеги при што формиравме тим. Дојдовме до сознанија дека шампињоните се нездрав производ, бидејќи мора да се примени хемија за да останат бели. Тогаш помеѓу првите во Југославија се насочивме кон производство на далеку поздравите буковки и добивме задоволувачки приноси без хемија. Баравме начин да одгледаме и габи коишто воопшто не се одгледуваат на овие простори, па ниту во овој дел на светот. Најпрво започнавме со смрчка, која што во светот се одгледува во строго контролирани услови, во лаборатории, и успеавме во тоа.

Оваа печурка има исклучително лековити својства – осум аминокиселини кои што се релативно ретки и кои што човечкиот организам не ги синтетизира. Освен тоа – таа е и исклучлително вкусна.

Следниот потег беше – одгледување на вргањ, вид на габа која што расте во симбиоза со тревите. Успеавме да го забрзаме растот на оваа печурка каде што ја нема во доволен број.”
Тие ги истражувале и нејзините лековити својства, а потоа дошле до идеја и да основаат Институт за печурки, каде би се извршувале експерименти со лековитите супстанци на габите, но и некои интересни билки.

“Обезбедив високостручен кадар, а државните институции ни ги дадоа своите лаборатории.

Можноста за истражување и изведување на експерименти во лабораториски услови овозможија да го прошириме асортиманот на габите кои што ги истражуваме. Така започнавме да се занимаваме и со тартуфот, исклучително скапа, но и исто така лековита габа поради високата концентрација на аминокиселини, а аминокиселините се единствени супстанци кои што можат да минат низ сите клеточни мембрани.

Истражувањата покажаа дека тартуфот во содејство со некои билки од Полинезија, може да направи 22 аминокиселини, колку што вкупно ги има, што говори за драгоценоста на оваа габа по здравјето. Исто така, одгледуваме и шитаке, која што за мене е царица помеѓу егзотичните габи поради своите многустрани лековити својства.

А тој во одреден период е и кордицепс синенсис, којшто наместо од глава на инсект, е одгледан на сосема на оригинален начин – на пченка.

Инфицирав пченка со болест која што се нарекува гарка, и во одреден период од растот ја третирав и со змиски отров, а од тоа настана Кордицепс. Важно е да се напомене дека тоа може да се постигне на само еден вид на пченка – перуанската, која што има отсто полисахариди.

Оваа габа е најсилниот природен антибиотик на светот кој што ги неутрализира токсините, поттикнува регенерација на клетките и има силно антиревматско дејство. А ја ставаме во одредени производи – 6 препарати кои што ги сертифициравме, а во коишто се содржат некои медицински габи со силни лековити својства. Вредноста на Кордицепс не ја пресметуваме сосема, бидејќи тогаш препаратот би бил премногу скап.

Овие препарати се потполно природни, без хемија и контраиндикации. Благодарение на тоа што сите печурки кои што се сочинети во препаратите се произведени на домашна територија, нивните лековити својства максимално се усвојуваат, бидејќи човечкото тело поседува рецептри кои што најдобро ги препознаваат само автохтоните видови (кои што растат на истото поднебје каде што е и оној кој што ги употребува)

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail
Top