GRAD.jpg

Кон крајот на 19. век кренат бил град над еден од најголемите рудници за соли на светот. По 140 години тој рудник и натаму е во функција, а граѓаните се во проблем бидејќи градот едноставно тоне.

Березники е град од 150.000 жители на Урал, изграден точно над рудникот со многубројни тунели.

Ова подрачје е богато со калиева сол, а Русите тоа одлучиле максимално да го експлоатираат. И додека под земјата рударите вредно работеле, над рудниците живееле и работеле луѓе, децата оделе во училиште…

И сето тоа некако функционирало до 2007. година, кога на сред град наеднаш се појавила дупка широка 400, а длабока 700 метри. Луѓето останале шокирани, а тоа било само почетокот на нивните проблеми.

Земјата под нив константно се тресела, секојдневно се отворале нови и нови дупки. Земјата голтала автомобили, куќи, а некои дупки биле со големина на неколку фудбалски терени. Набрзо целиот град почнал да тоне, земјата буквално го проголтала.

Властите цело време се обидувале да ја смират паниката и им велеле на жителите дека се е во ред, но било јасно дека ништо не е како што треба и дека наскоро целиот град ќе исчезне.

Минале повеќе од 12 години од колапсот, а ситуацијата во Березники не се променила. Зградите стојат искривено, некои делови на градот изгледаат како напуштените градови околу Чернобил, огромните кратери ги исполнила вода, а како изгледа градот денес снимиле дроновите на “RT”.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail