ВИДЕО: Овој спреј ја претвора секоја површина во екран на допир (видео)

touchscreen-spray.jpg

Научници од Универзитетот Карнеги Мелон во Пенсилванија направија спреј кој која било површина може да ја претвори во екран на допир. Новата технологија се вика Electrick, а спрејот се состои од материјали базирани на јаглерод и добро спроведуваат електрицитет.

Единствениот додаток потребен за функционирање се минијатурни електроди во контакт со обоената површина. Со мерењето на напонот на различни точки може да се следи движењето на прстот по површината, а интерактивните површини добиени со прскање со спрејот имаат прецизност на детекција од 99%.

„По прв пат успеавме со боја во спреј да претвориме некоја површина во екран на допир. Технологијата Electrick овозможува интерактивни опции на различни површини и предмети кои претходно биле обични и статични“, велат од Универзитетот Карнеги Мелон.

На пример, спрејот може да се напрска на делови од маса на кои потоа со допир ќе може да се отвораат различни апликации. Научниците истакнуваат дека денешната touchscreen технологија не е погодна за големи површини како што се масите, но со спрејот Electrick дури и ѕидовите може да станат чувствителни на допир. Во производството не мора да се користи течен спреј, туку нивниот материјал може да се интегрира во предмети добиени со 3Д печатење. Спрејот е доста отпорен и тешко блeдее, а уште не е познато како реагира на дожд или електромагнетно зрачење.

Еве како се користи:

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail