ВИДЕО: Пациент свири на гитара за време на операција на мозокот

pacient.png

Додека му го отстранувале туморот на мозокот, 40 годишниот Ролден Батиста им свирел серенада на лекарите. Изминатата година Ролден преживеал неколку напади, по што сфатил дека нешто не е во ред со неговото здравје. Испитувањата покажале дека има тумор.

Тој се решил да биде буден за време на операцијата, а докторот дошол до идеја да му дозволи да свири на гитара за време на хируршкиот зафат.

Тоа бил најбрзиот начин докторите да увидат дали направиле грешка за време на операцијата и да реагираат пред да биде прекасно.

За среќа, операцијата поминала успешно, а Батиста сега се опоравува во домашни услови, пренесува „Daily Mail“.

Погледнете како изгледаше сето тоа.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail