ВИДЕО: Парализиран човек ја движи раката со помош на мислите

Бил Кочевар останал парализиран од вратот надолу откако со неговиот велосипед удрил во камион.

Осум години подоцна, тој е повторно во состојба да држи чаша во рака и да јаде со вилушка, откако нему, за прв пат во светот му е извршен операција за воспоставување на контрола на рацете со помош на мислите.

На Бил Кочевар му се имплантирани електрични импланти во моторниот кортекст на мозокот, а сензори му се вметнати во подлактицата. Тоа му овозможува стимулација на мускулите на неговата рака и дланка, како одговор на сигналите од мозокот кој ги декодира компјутер.

„Јас само помислувам што сакам да направам и системот тоа го прави за мене. Не е потребно премногу размислување, кога сакам нешто да направам, мојот мозок ја врши работата“- вели Кочевар за Гардијан.

Оваа експериментална технологија која е дело на Универзитетот „Case Western Reserve“ во Кливленд, Охајо, му овозможила на Кочевар да стане првиот потполно парализиран човек во светот кој со помош на мозокот ја контролира раката.

Засега процесот се одвива прилично споро, но научниците веруваат дека ова е доказ дека концептот функционира и дека е потребно само да се унапреди технологијата додека не стане ритински третман за луѓето со парализа. Тие велат дека во иднина системот ќе биде безжичен, а сензорите имплантирани под кожата, како би бил невидлив.

„Нашето истражување е во рана фаза, но веруваме дека вакви невропротези ќе можат на лицата со парализа да им ја вратат функцијата на рацете и дланките за да ги изведуваат секојдневните активности, што ќе им овозможи поголема независност“- вели Др. Болу Аџибоје, водач на истражувањето што е објавено во медицинското списание „Lancet“.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail