Видео: Пензионер пеш ја помина Земјата за две години

Сергеј Луќанов (60), пензионер од Санкт Петербург го воодушеви светот затоа што за 22 месеци пеш ја обиколи Земјата.

Тој поминал 23.000 км, а многу луѓе сметале дека да се направи еден ваков подвиг е скапо, тешко, или невозможно.

Откако ја заврши својата мисија, доби невидено медиумско внимание, а руските новинари го нарекоа руски Forest Gamp. Но, тој не трча, туку оди. Пред да тргне на ова патешествие, пензионерот поминал пеш 300.000 км.

Ако се земе ова во обзир, Луќанов поминал растојание кое е еднакво на она од Земјата до Месечината.

Заминал од дома на 1 април 2015 година, а се вратил на 4 февруари 2017 година.

Русинот поминал низ 20 земји. Раскажува дека патувањето го планирал спонтано. Имал и непријатни ситуации, но на крај работите се решавале и продолжувал со патувањето.

„Доаѓам на пример до кинеска граница, проверувам на интернет и испаѓа дека има премин, но тој бил само за Кинези и Виетнамци. Сите други мора да одат 500 км на друг премин. Мене визата ми истекла, морав да обиколувам и да платам казна“ – вели тој.

За Европа вели дека е безбедна, но проблем се скапите хотели каде ноќевање го чинело 50 евра.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail