(Видео) Почнува електронското пријавување за идните студенти на УГД

Video-Pochnuva-elektronskoto-prijavuvanje-za-idnite-studenti-na-UGD.jpg

(Видео) Почнува електронското пријавување за идните студенти на УГД

Сите заинтересирани студенти од 1 јули ќе можат да се пријават на електронскиот систем на УГД во однос на веќе објавениот Kонкурс за упис на нови студенти. Пријавувањето годинава започнува порано и ќе се одвива електронски, според сите актуелни протоколи за заштита на здравјето на луѓето.

– Документите кои кандидатите ќе ги поднесуваат преку електронската платформа можат да бидат скенирани или фотографирани, сето тоа ние ќе го прегледаме во текот на летниот период и кога ќе почнат уписите во август ќе бидеме целосно подготвени – вели проректорот за настава проф. д-р Мишко Џидров.

Во текот на летниот период Универзитетот преку електронската платформа, но и преку социјалните мрежи ќе одговара на прашања кои ќе се однесуваат на уписите, но и на сите студиски програми и факултети. Електронската платформа ќе биде активна на 1 јули и постојано ќе се надополнува, а може да се најде на следниов линк:

Електронска платформа: УПИСИ 2020

На платформата можат да се најдат и сите дополнителни информации, како и Конкурсот, прелиминарните листи и слично. На прес-конференцијата проректорот за настава проф. д-р Мишко

Џидров ги појасни и другите детали поврзани со уписот на нови студенти на УГД. Во продолжение погледнете ја целосната конференција за медиумите.

 

Извор: УГД

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail