ВИДЕО: Промовиран првиот акустичен албум „Мајчин јазик“

VLATKO.jpg

Големата сала на Македонската филхармонија во Скопје два дена во текот на викендот дишеше во ритамот на „Мајчин јазик“. Најдобриот гитарист на сите времиња, Влатко Стефановски со своите пријатели Весна Гиновска Илкова, Вера и Оливер Јосифовски и Биља Крстиќ го претстави пред македонската публика албумот кој е 33 по ред, но е прв акустичен во неговата кариера. Недостигаат зборови кои ќе ја опишат атмосферата во салата каде публиката во тишина , со внимание и воздбуда ги следеше изведбите накултните „Абер дојде Донке“, „Бистра вода“ „Успаванка за Радмилу М“, „Јовано Јованке“… а со овации и долги аплаузи ја испраќаше секоја негова изведба.

https://studenti.mk/konkursi-2018-2019/

Заслужено албумот веднаш по издавањето во „Кроација рекордс“ се здоби со неподелени позитивни критики од балканските музички критичари и медиуми. На 17, 18 март се одржаа првите два од предвидените три концерти, а утре ќе се одржи и третиот концерт. Публиката е жедна за македонската музика, за гитарата на Влатко за топлината на звуците…Со право се вели дека кога свири, Влатко не е на оваа планета. Секој е некому сличен, но Влатно е уникатен.

Концертите се всушност заокружување на еден артистички период и израз во кариерата на Стефановски, а специјални гости на концертите беа балканската етно дива Биља Крстиќ, оперската дива Весна Гиновска Илкова и членовите на групата „Љубојна“, Вера Милошевска и Оливер Јосифовски, кои ги изведоа „Македонцко девојче“, „Кандилце“, „Елено ќерко“, „Џипси меџик“…

Два пати беше вратен на бис од публиката, а утрешниот концерт е нов предизвик за љубителите на музиката на Влатко.

фото/ видео: баги комуникации

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail
Top