8f465ff8a390896d2db03a2f6dfc1b4e_XL.jpg

Во свечената сала на Правниот факултет денес беше промовирана книгата „Реторика – историски и современи аспекти“.

Овој универзитетски учебник е коавторско дело на група професори од двата државни правни факултети: Правниот факултет „Јустинијан Први“ при УКИМ – Скопје и Правниот факултет при УГД – Штип (проф. д-р Мирјана Поленак-Аќимовска, проф. д-р Владо Бучковски, проф. д-р Гоце Наумовски, доц. д-р Димитар Апасиев и доц. д-р Јован Андоновски).

– По промоцијата на книгата „Реторика“ во Скопје доаѓаме овде на Универзитетот „Гоце Делчев“ да им дадеме признание на нашите двајца помлади колеги кои се овде професори, а од друга страна да го истакнеме значењето на Штип. Овој универзитет, иако е најмлад, тој е брзорастечки и заслужува помладите колеги да имаат многу повеќе вакви промоции и нивна афирмација – изјави проф. д-р Владо Бучковски, еден од авторите на книгата.

Промотори на книгата беа проф. д-р Кирил Барбареев и проф. д-р Трајче Стојанов, двајцата професори на Универзитетот „Гоце Делчев“.

– Книгата е навистина сеопфатен и целосен увид во реториката како наука за беседништвото. Може да се чита и како еден учебник, но и како практичен прирачник за сите оние што се интересираат за јавен настап, јавно говорење и беседништво. Во секој случај појавувањето на оваа книга на македонската академска сцена е убав настан и денес убаво ќе го чествуваме – изјави проф. д-р Трајче Стојанов, еден од промоторите на оваа книга.

Според промоторите, книгата е наменета не само за студентите туку и за новинарите, политичарите и за пошироката јавност.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail