ВИДЕО: Протече извештај на Пентагон за средба со НЛО – пилотот опишува дека леталото било бело и без крила

Откриен е извештај од 2009 година со нови детали за средба со НЛО, која ги шокирала пилотите на американската војска над Тихиот океан.

Извештајот нема никакво лого на агенција или датум, но неколку официјални лица потврдија дека е напишан како дел од програма на Пентагон, на која што работеле неколку агенции.

Видеата се објавени уште во ноември минатата година, но сега објавениот извештај содржи опис на средбата „од прва рака“.

Од 10 ноември ракетен проектил успеал во неколку наврати да забележи радарски контакти со нешто што во извештајот се нарекува „Anomalous Aerial Vehicle (AAV)“.

Еден од пилотите кажува дека леталото се појавило на висина од 19 илјади метри. Тој кажува дека не добиле точен траг на леталото бидејќи се движеле со брзина на балистика ракета, а радарот не бил подесен на програма која може да ја прати таквата брзина.

AAV направил уште еден контакт на 14. ноември, но краток.

Првиот авион кој што тргнал да истражува во близина каде што е забележано леталото не пронашол ништо, меѓутоа пилотот забележал разбранување во морето, што го потсетило на забрзаното спуштање на подморниците.

Според извештајот, тоа најверојатно било предизвикано од AAV.

Наредниот пат кога се обиделе да го истражат леталото, повторно забележале чудно движење на водата, а над површината летал чуден објект со облик на издолжено јаце, односно „тик-так“. Пилотот во својот опис напишал дека изгледа како „цврска бела, мазна површина, без ивици, еднолично и без крила“.

Во извештајот пишува дека во близина имало и една подморница, но дека во моментот кога леталото се појавија немало никакви необични активности.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail
Top