ВИДЕО: Првиот таблет-компјутер спакуван во цилиндар

Истражувачите од Human Media Lab при Квинс Универзитетот во Канада напрвија прототип на уред со екран чувствителен на допир, кој што не е таблет или телефон, а истовремено е и едното и другото… а веројатно и многу повеќе од тоа.

Уредот е наречен MagicScroll, а инспириран е од стариот начин на виткање на папирус, што значи дека екранот се витка во цилиндар. Како основа е употребен флексибилен екран чувствителен на допир со дијагонала од 7,5 инчи.

MagicScroll овозможува неограничено скролање, а кога ќе биде потребно да се покажат повеќе информации, корисникот може да го рашири екранот кој што располага со 2К резолуција.

Според истражувачите, овој уред е многу подобар за телефонските разговори кога е во прашање ергономијата, а тоа што може да се свитка во цилиндар го прави уште попрактичен. Прототипот на овој уред поседува и камера, но не за фотографирање, туку за следење на движењата на рацете.

Целта на истражувачите на Универзитетот е да направат екран чувствителен на допир кој ќе биде доволно флексибилен и тенок да може да се смести во пенкало. Првото јавно претставување на MagicScroll е закажано на MobileHCI конференцијата која што се одржува од 3-ти до 6-ти септември во Барселона.

 

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail
Top