ВИДЕО: Решена мистеријата на Бермудскиот триаголник?

bermudski-triagolnik.png

Научниците веруваат дека ја решиле мистеријата на Бермудскиот триаголник – и не станува збор за НЛО или за чудовишта, пишува Хафингтон пост.

Станува збор за друг вид „чудовиште“ – чудовишни бранови.

Бермудскиот триаголник, исто така познат и како Ѓаволовиот триагoлник, е подрачје во Атлантикот, помеѓу Мајами, Бермуда и Порторико. Се тврди дека многубројни авиони и бродови исчезнале во ова подрачје во мистериозни околности.

Според „Енигмата на Бермудскиот триоаголник“ на британскиот Канал 5, научниците сега веруваа дека „мистериозните“ околности во ова подрачје, всушност, се огромни и опасни бранови.

Има бури од југ и од север, кои доаѓаат заедно. Во исто време доаѓаат и бури од Флорида, по што се формираат смртоносни бранови, тврдат научниците.

Повеќе за оваа теорија прочитајте ТУКА.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail