ВИДЕО: Робот сам си отвора врата

Компанијата „Бостон Динамикс“ објави видео на кое што роботот Спот Мини сам си отвора врата. На видеото се гледа како роботот со четири нозе, кој наликува на куче, со „рака“ успева без проблем да отвори врата.

Овој робот потоа ја држи вратата за да може другите да преминат во другата просторија. Непознато е дали роботот функционира самостојно или е контролиран.

Јапонската компанијата СофтБанк ја купи Бостон Динамикс од Алфабет изминатата година.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail
Top