ВИДЕО: Роботот што го прекина турскиот министер јавно се извини

Роботот што вчера во Анкара неколку пати го прекина турскиот министер и предизвика реакции по социјалните мрежи се извини признавајќи дека погрешил.

Андроидот дофрлаше „Што зборуваш?“, „Зборувај побавно, не те разбирам“, додека говореше турскиот министер за сообраќај и комуникации Ахмет Арслан.

Министерот рече дека роботот го деконцентрира и побара да биде отстранет, а денеска тој во интервју за турскиот канал Д јавно се извини.

– Тоа беше грешка, жал ми е, изјави Санбот.

Од компанијата Pro ITS Smart Intersection System го оправдаа андроидот дека се уште е млад.

– Има само три години, не разбра кој зборува, истакнаа од компанијата.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail
Top