ВИДЕО: Роботот Софија доби државјанство

Саудиска Арабија стана првата земја во светот која што издаде државјанство на робот.

Овој потег е во насока да се промовира земјата како место за развој на вештачката интелегенција.

На роботот, наречен Софија, ѝ беше потврдено државјанството за време на бизнис настан во Ријад, соопштија саудиските медиуми.

– Им благодарам на Кралството Саудиска Арабија. Почестена сум и горда на ова признание, рекла Софија по соопштувањето за државјанството и додала дека ова е историски чекор.

Таа додала дека луѓето не треба да се плашат од вештачката интелегенција, како што тоа е претставено во неколку филмови од Холивуд.

Веста за доделувањето на државјанство на робот наиде на доста критики по социјалните мрежи, каде што луѓето забележуваат дека Саудиска Арабија се уште заостанува во однос на човековите права и односот кон жените.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail