ВИДЕО: Руски електромагнетен топ кој пробива се

ruski-top.jpg

Тим составен од руски научници успешно го тестираа електромагнетниот топ што може да ги пробие сите типови оклопи.
Во најновиот тест бил истрелан пластичен цилиндар од 15 грама кој пробил алуминиумска плоча дебела неколку сантиметри.

„Електромагнетниот топ има голема улога во изучувањето на високоенергетската физика и планираме да произведеме апарати кои ќе работат на брзини поголеми од 4,5 километри во секунда“, вели Алексеј Шурпов, директор на московскиот институт Шатура.

И американската воена морнарица работи на сличен проект, пренесува Дејли мејл.

Нејзиното истражувачко крило со години го најавува ова футуристичко оружје, како и голем број други технологии како моќни ласери кои можат да ги следат позициите на бродовите во неповолни временски услови или да го издупчат трупот на бродот.

Американската морнарица се надева дека електромагнетниот топ ќе го вгради во новиот ракетен разурнувач „УСС Зумвалт“, кој произведува големо количество електрична енергија неопходна за функционирање на оружјето.

Во развојот на електромагнетниот топ досега имало голем број технички проблеми.

Силата при испукувањето на муницијата нанесува голема штета на машините, кои можат да испукаат само неколку пати пред да дојде до дефект. Меѓутоа, американските научници сега работат на електромагнетен топ кој во иднина ќе може без проблем да испука по неколку илјади парчиња муниција. До крајот на деценијата се очекува прототип за оперативна употреба.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail