Видео: Руски милијардер се преправал дека е бездомник, а потоа почнал да им помага на сите

ruski-miljarder.jpg

Во реалното шоу “Таен милионер” која е емитувана пред шест месеци, учествувал рускиот олигарх Александар Рослијаков. Тој морал пет денови да се претвара дека е наставник кој нема куќа, иако секоја зима ја поминува на Бали.

Александар во својот џеб имал само 15 евра, па неговото учество во емисијата бил вистиснки тест за него.

Една ноќ, рускиот олигарх ја поминал во едно засолниште за бездомници “Evеrybody’s Road” чии основачи се Дениз и Елена Цои. Откако престојувал таму, Александар се одлучил на овој пар да им подари луксузна вила вредна 111.000 евра. Парот од вилата направил засолниште за бездомници каде сега живеат 27 лица.

Милионерот му подарил стан на писателот Арсениј Јанков кој го запознал за време на неговиот престој во засолништето. Тој, исто така му понудил и договор со издавачка куќа која ќе ја објави неговата книга. Арсениј сега ја пишува својата нова книга “Втора шанса” во која ќе биде опишан неговиот живот, вклучувајќи ја средбата со Александар.

Росилајков подарил уште еден стан на самохраната мајка Светлана и нејзините деца. Пред да се запознае со Александар, Светлана постојано лутала по изнајмени станови со четирите деца и едниствените работи кои ги имале биле креветот и куферите полни со спомени. Милионерот им подарил четворособен стан и им подарил 15.000 евра. После великодушниот поклон, Светлана сакала да посвои уште деца.

Уште едни 15.000 евра им подарил на Андреј и Наталија, млад пар чие дете боледува од хидроцефалус. Парите ќе бидат наменети за негово лекуавње.

За време на неговото учество во емисијата, Александар остави великодушни подароци за кои сите му се благодарни.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail