ВИДЕО: Се шири џиновска дупка никој не знае зошто

Длабокиот кратер Батагаика ги исплашил жителите, но научниците тука наоѓаат одговори на бројните прашања за климатските промени.

На сред тајгата на северот на Сибир има џиновски кратер, на кој, поради застрашувачкиот изглед, локалните жители му го дале името “Капија на подземјето”. Тоа што локалните жители посебно ги вознемирува е фактот дека дупката цело време се зголемува во последните 50 години.

Длабокиот кратер Батагаика настанал како последица од глобалното затоплување, кое довело до загревање на сибирското подрачје со вечен снег и мраз.

Кратерот, кој настанал во 60-тите години, денес е долг еден километар и длабок речиси 120 метри – и продолжува да се шири и да расте. Причина за настанување на кратерот била сечење на шумите, по што земјата ја изгубила заштитата. Иако станува збор за најстуденото подрачје на Земјата, земјиштето, кое порано било во сенка на дрвја и густи шуми, станало изложено на сончеви зраци и повисоки температури, и почнало да се топи.

Кратерот константно се зголемува, но некои научници, како Џулијан Муртон во тоа гледаат и добри страни. Слоевите на земјата на тој дел им овозможуваат да дознаат повеќе за климата во последните 200.000 години, така што ги анализираат органските и неорганските изотопи.

Меѓу другото, дошле до значајно научно откритие: пред 125.000 години просечната температура била повисока отколку денес.

Што мислиш ти?
  • Ви се допаѓа оваа вест? Препорачајте ја на Вашите пријателите преку следниве сервиси:
  • Mail